Младинскиот културен центар и овој викенд продолжува со кино под отворено небо.Како што соопштуваат од таму, ќе бидат одржани две бесплантни проекции, со почеток во 21 часот. Во петок навечер ќе биде прикажан филмот „ Дама во оган“ , во режија на Селин Сама , а во сабота навечер, филмот „ Сите знаат“, во режија на Асгар Фархади.

Од МКЦ информираат дека проекциите ќе бидат реализирани според соодветните здравствени протоколи и мерки за заштита од Ковид- 19