Граѓанската иницијатива „Солидарни за срцето на Скопје“ преку Фејсбук страницата „Градот убав“ ги повикува сите добронамерни граѓани на протест пред платото на Универзална сала.

Тие во четврток од 20 часот повикуваат на масовност со цел како што велат „јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради личните бизнис интереси на урбаната мафија“.

Јавноста на нож ја прими веста за распишаниот конкурс за идејно решение за „културен парк со летна сцена“ на местото на Универзална сала која во тој случај би била урната.

Тоа беше оценето како опипување на пулсот на јавноста од страна на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој откако наиде на лавина реакции, ретерираше и јавно истакна дека овој објект кој бuди спомени кај истакнатите музички, естрадни, драмски, балетски, фолклорни уметници, автори, културни дејци и работници, организатори на настани и итн.