Кралицата Елизабета ѝ посакала среќен 39-ти роденден на војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

На Твитер профилот на кралското семејство е обајвена роденденска честитка за војвотката.

„На војвотката од Сасекс ѝ посакуваме среќен роденден“.

Честитката е објавена со фотографија од кралицата и Меган од 2018-та година, кога заедно биле во посета на Честер.

Насмеаната заедничка фотографија е знак дека нема ‘зла крв’ после прочуениот Мегзит и одделувањето на Хари и Меган од кралското семејство.

Минатата година Меган беше дел од кралското семејство и живееше со Хари и синот во дворецот Виндзор. Овој пат роденденот го прославува далеку од британската монархија поради желбата нејзиното семејство финансиски да се осамостои.

Сопругата на принцот Хари ќе го прослави роденденот во Лос Анџелес.