Бјелица почина на 52 години после долгогодишна борба со ракот. (Фото: Блиц)

Српската писателка Исидора Бјелица почина денес во Белград на 52 години. Родена е на 10 декември 1967 во Сараево, каде завршила гимназија, а во Белград дипломирала и магистрирала на Факултетот за драмски уметности. Освен по бестселерите, Бјелица беше препознатлива и по шапките кои со тек на време станаа нејзин заштитен знак.

Во 2012 ѝ беше дијагностициран рак по што ѝ беа отстранети двата јајника и матката, а таа често отворено изјавуваше дека освен со болките, мора да се бори и со психата, бидејќи ракот го сметаше за елегантно самоубиство. За да ги плати лекувањата во странство, Бјелица мораше да продаде околу 3 илјади ретки книги.

Бјелица е авторка на над 40 дела наменети за различни генерации.

ПОЧИНА СРПСКАТА ПИСАТЕЛКА ИСИДОРА БЈЕЛИЦА

 216

5 август 2020

Белград, (Блиц)