Хосе Антонио Домингез Бандера или познат како Антонио Бандерас на 10 август го прослави својот 60-ти роденден, а истиот ден откри дека е позитивен на корона.

Имено, актерот се огласи на својот „Твитер“.

„Сакам да обелоденам дека денес сум принуден да го прославам својот 60-ти роденден во карантин откако дознав дека сум позитивен на Ковид 19“ напиша тој и додава:

„Би додал дека се чувствувам релативно добро, малку изморено него вообичаено и се надевам дека ќе оздравам најбрзо што можам“ пишува актерот.

„Се надевам дека ќе се излекувам од воспалението од кое се заразени многу луѓе во светот“ вели Бандерас.