Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто преку Фејсбук упати апел до Европска Унија за Белорусија да носи одлуки врз основа на дијалог.

Тој наведе дека ЕУ не треба ги расипува идните односи со Минск и да не го попречува спроведувањето на Источната програма за партнерство.

Илјадници Белоруси синоќа четврта вечер по ред протестираа поради изборните резултати од претседателските избори на кој е реизбран Александар Лукашенко. Антивладините демонстранти тврдат дека изборите во неделата се украдени со цел белорускиот претседател Александар Лукашенко да го продолжи своето 26-годишно авторитарно владеење.