Гостиварчанката за која, како што веќе објавивме е убиена, а осомничен за убиството е најзиниот сопруг, е од гостиварската населба Бањешница. Се работи за жена со иницијали Џ.И. Осомничен за убиството е нејзиниот 67-годишен сопруг, кој е во бегство.

Случајот во полицијата го пријавил нивниот 33-годишен син, кој утринава околу 6 часот ја нашол убиената во спалната соба со повреди по телото.

Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничениот со секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото.

Соседите околу 6:30 часот слушнале викотници, по што дошле полициски службеници.