Советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид, бизнисменот Нефи Усеини и неговиот брат вчера попладне излегле од притвор и ќе се бранат од слобода. .

Иако на браќата им беше продолжен притворот за 30 дена,  тие понудиле гаранција во недвижности во вредност од 850 илјади евра, односно по 425 илјади евра, која им е прифатена. Пред тоа тие нуделе гаранција од по десет илјади евра, но не им беше прифатена.

Тие се обвинети за напад врз охриѓанецот Спирко Топаловски. Судскиот процес треба да започне кон крајот на месецов.