Рускиот опозиционер Алексеј Навални денеска на инстаграм ја објави својата прва фотографија откако деновиве се разбуди од кома.

„Здраво, овде навални. Ми недостигате. Се уште не можам да работам, но вчера цел ден можев самостојно да дишам. Без помош од страна, дури ни обичниот вентил во грлото не го користев. Многу ми се допадна. Неверојатен, потценет од моите процеси. Препорачувам3, напиша Навални на својот Инстаграм профил.

Навални се лекува во германската болница „Шарите“, откако беше затруен со „новичок“. Руската страна негира дека отровот се наоѓал во организмот на навални додека тој беше во Русија.

Како што денеска порано пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на германски извори, Навални на тужителот му рекол дека не сака да остане во Германија.