Кратење на привилегиите и  дискреционите права на функционерите најави вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.

Николовски најавува и укинување на огромниот број комисии, одбори и други нефункционални тела по министерствата во кои членуваат вработени од самите институции кои покрај тоа што земаат плата земаат и плус надоместоци како членови на комисиите.  

„Ќе инсистираме на целосно кратење на привилегиите на дискреционите права. Во делот на дискреционите права се уште има министри, директори и раководители за постапки во рамки на нивните надлежности кои што не до крај се дефинирани и сметам дека тоа треба да го редифининраме. Ова поле за работа е големо и сметам дека имаме многу што да одработиме.“ – изјави Николовски.

Вицепремиерот ќе бара од директорите на државните институции да направат план и визија за тоа како ќе ја раководат установата до крајот на мандатот. Квалитетот и компетентноста ќе бидат  пресудни тврди Николовски а порача дека ќе се дава шанса и на младите кои што немаат партиска книшка за да дојдат до работно место.

„Сметам дека многу млади кои што не се  партиски определени и кои што си ја сакаат својата земја и татковината сакаат да имаат прилика да се вградат себе, ние сме тој мотор кој што ќе ги движи процесите но кој што треба да  обезбеди јавност транспарентност и инлузивност на сите оние кои што имаат капацитет да одработат нешто за својата држава и сметам дека тоа е побитно отколку дали нешто потпаднало под една или друга партија.“ – изјави Николовски.

Вицепремиерот ветува дека ќе биде мост помеѓу извршната власт и независните тела за борба против корупцијата, а вели чесноста, одговорноста, посветеноста и начинот на кој што работи што го прави компетентен за оваа фукнција.

На прес конференцијата на Николовски регираа од опозицискта ВМРО-ДПМНЕ.

„Николовски е лицето кој ги спроведе сите изборни нерегуларности и целиот партиски поткуп, главно со народни пари, на последните парламентарни избори. СДСМ е партија која само во последните месец дена има корупциски афери, кои некои држави ги немаат во сто години.“ – се вели во реакцијата на опозицијата.