Намалувањето на национализмот во целиот регион може да се случи само кога ќе започне борбата против криминалот и корупцијата, вели во вечерашното јавување во емисијата „200„ на Алсат, Дритан Абазовиќ, лидер на партијата Обединета реформска акција (УРА), која е еден од главните стожери на опозициската коалиција во Црна Гора.

„Кога луѓето ќе видат еднаш дека се манипулирани и дека се игра на емоции, само за да се оттргне фокусот од кражбите кои се случуваат во секоја влада и во регионот и оти живеат со низок стандард затоа што некој има исклучително богатство, а некој нема леб да јаде, донесува намалување на национализмот“, вели Абазовиќ.