Белата куќа официјално се согласува

Американскиот специјален пратеник Ричард Гренел изјави дека претседателот Доналд Трамп набргу ќе ги посети Косово и регионот. Сепак, Гренел додава дека сè уште не е одреден датум.

„Претседателот Трамп рече дека едвај чека да ја посети оваа земја. Сè уште немаме датум или детали, но веќе ја надминавме првата пречка, а тоа е дека Белата куќа официјално се согласува на такво нешто“, рече Гренел.

Говорејќи за една српска радиостаница во Чикаго, Ричард Гренел рече дека САД не сакаат да се мешаат во решавањето на проблемите помеѓу Приштина и официјален Белград, бидејќи двете земји треба сами да ги решат.