Во светот се работи на развивање на околу 170 потенцијални вакцини против ковид-19, покажуваат последните анализи објавени во светски медиуми. Руската вакцина „Скутник V“, е одобрена од руските власти за употреба, а Русија им ја понуди и на повеќе држави.

Блиску до употреблива вакцина, барем според најавите на американскиот претседател Доналд Трамп, се и САД. Тој на јавен настан во Филаделфија синоќа порача дека се многу блиску до добивањето вакцина.

„На претходната администрација ќе ѝ требаа можеби години да пронајде вакцина поради администрацијата и сите одобренија потребни од Националниот институт за лекови и заразни болести (ФДА), но ние сме на само неколку недели од тоа. Можеби три-четири недели“,

изјави Трамп од Филаделфија.

Сепак, ваквата негова најава, пренесуваат американските медиуми, е далеку пооптимистичка од очекувањата на првиот човек на ФДА, Ентони Фаучи, кој претходно веќе изјави дека очекува одобрување на вакцината кон крајот на годината, а следната година и нејзина широка дистрибуција.

Во Европа, пак, последните вести за развојот на вакцини доаѓаат од Германија, која претходно реши да издвои 750 000 милиони евра за поддршка на домашни фармацевтски компании. Кои компании ќе ги добијат парите, веќе е одлучено.

Германската министерка за наука Ања Карличек изјави дека владата веќе донела одлука да ги даде парите на компаниите „Бион тек“ и „Кјур вак“, додека наскоро треба да завршат разговорите со третата компанија „ИДТ биологика.

Договорот со тие три компании ќе ѝ обезбеди на Германија 40 милиони дози вакцини, покрај оние што ќе ги добие преку ЕУ, како нејзина членка. Меѓутоа, таа порача и дека Германија нема намера да ги скрати безбедносните процедури при тестирање на вакцините, што значи дека поголемиот дел од населението ќе мора да почека до средината на 2021 година за имунизација.