Еруптираа светите македонски работи ВМРО и Гоце Делчев – доста е понижување и обезличување

Синоќешниот протест на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ покажа дека оваа партија, заедно со народот, има сили да се спротивстави на обезличувачките политики што ги води актуелната власт предводена од Зоран Заев и СДСМ.

Нормално, предизвикот е голем, затоа што некој со политички игри сака да си го преземе Гоце Делчев како свој револуционер и јунак, подмолно користејќи ги инструментите на Европската унија, односно нивна вулгаризација и балканизација, само затоа што станал член на ова семејство пред нас.

Имајќи ги предив заложбите на Гоце Делчев – „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”, тогаш очигледна е некултурата на приграбување и распродавање. Исто така тој нагласил дека не треба да чекаме помош за слободата на Македонија, оти тие сакаат да ја распарчат. Многу чисто и јасно кажано кој бил и за што се залагал. Во таа насока било и револуционерното движење.

Така што протестот за поддршка на Македонија за членство во ЕУ и зачувавње на постулатите на Гоце Делчев се совпаѓаат со желбите на повеќе македонски револуционери, дисиденти и политичари во поново време и, пред се’, народот.

Енергијата што јо вдахнаа илијадниците грла значи дека ВМРО-ДПМНЕ доби поддршка од народот, а за возврат да не прави отстапки со вредностите кои го обезличуваат и обезименуваат, односно да се стави крај на понижувањата.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е силна партија, бидејќи за 10-тина дена направи три протести, а вчерашниот беше кулминација со голема енергија. Иако пред еден месец минимално ги загуби изборите, оваа партија покажува дека станува сериозна и голема закана за власта и покрај вантрешните игри на поединци.

На протестот беше нагласено дека Делчев е црвената линија на нашето достоинство и идентитет и затоа што Делчев е Македонија и столбот на нашето постоење како народ.

Етикетите дека патриотизмот значи некаква демоде политика и заостанатост во минатото и дека тоа е популизам и некаква анти-ЕУ позиција, се само оправдување на зависност од власт без трошка достоинство, а подложно на нечесни работи.

Кажаните зборови се обврска без порекнување за водечката опозициска партија, а опомена за владеачката дека треба се врати на достоинството, оти достоинствени луѓе може да бидат рамноправни на масата со лидерите на ЕУ. Се’ друго е подигрување и исмевање.

Доста е веќе од глупаво трошење на енергијата, односно да го губиме она што го имаме, а потоа да докажуваме дека тоа е наше или дека тоа сме ние, наместо да покажуваме дека имаме многу вредности и достојни Македонци за големи дела. Затоа колку се цениш, толку ќе те ценат и другите.

Еден полски политичар рече дека не треба да се прифаќаат сите барања на ЕУ, туку да ги наметнете и своите, како негово искуство од преговорите за членство на неговата земја.

Затоа, ние сме на потег, да не чекаме некој друг да го повлече за нас.