Фатмир Бесими, новиот министер за финансии денеска одржа прес конференција на која се обврза на достојни плати, солиден економски раст и европска иднина.

Бесими истакна дека пандемијата од коронавирусот има и ќе има последици, но дека решение има.

„Граѓаните и сите компании треба да ја сфатат оваа ситуација како сериозна. Нема збор дека пандемијата ќе остави последици, но решение има. Наскоро ќе биде презентиран и четвртиот пакет на мерки со кои ќе им се помогне на граѓаните и компаниите“, истакна Бесими.