Лидерот на Левица, Димитар Апасиев беше земен на распит од ЈО поради тужби против него за употреба на говор на омраза на верска, расна и етничка основа.

Апасиев пред неколку месеци на фејсбук активистката  Мерсиха Смаиловиќ ја нарече вахабистка. Лидерот на Левица вели дека фејсбукот е негов и нема да избрише ништо што е напишано, а најави дека на тужителите ќе им одговори со против тужби.

Активистката Смаиловиќ вели дека освен што ја нарекол вахабистка, таа добила и уцени од приврзаниците на претседателот на Левица.

Но, Апасиев вели дека воопшто не се кае и дека ќе продолжи да пишува.

Против него е поднесено кривична пријава. Пријавата ја покренала активистката Мерсиха Смаиловиќ, Тања Милевска и Хелсиншки комитет. Апасиев беше на распит во Обвинителство за неговата фејсбук објава, веднаш по изборите, каде пишуваше „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“.