Кејт Мидлтон е голем моден пример за многу љубители на модата кои го следат секое нејзино појавување, а се што ќе облече војвотката, се распродава во рекорден рок.

Една од најпопуларните членки на британското кралско семејство, војвотката од Кембриџ, го посети Институтот за репродуктивна и развојна биологија „Imperial College“ во Лондон.

Кејт (38) облече фустан со едноставен стил во кралски сината боја кој одлично го нагласува нејзиниот тен и коса со боја на чоколадо нијансирана со едвај видливи костенливи прамени.

Креацијата е на нејзината омилена дизајнерка Емили Викстед и беше совршен избор за сопругата на принцот Вилијам која е голема љубителка на класичните модни комбинации.

Фустанот кој ја следи фигурата, Кејт го зачини со кожен ремен, а и овој пат носеше цветна маска, исто така во сини тонови.

Нејзината благо брановидна коса веќе е нејзин заштитен знак како и црните салонки кои во целост го надополнија ова женствено издание на Кејт. Таа стајлингот го заокружи со впечатливи обетки.