Валентино Роси нема да се појави на трката во Арагон а веројатно ќе ја пропушти и втората трка на оваа патека које е на програмата следниот викенд, „докторот” е позитивен на ковид-19.

Деветкратниот светски шампион, Валентино Роси e заразен со коронавирус. Возачот на Јамаха попладнево се огласи на социјалните мрежи за да соопшти дека мора во изолација и нема да се појави во Арагон овој викенд.

Популарниот „доктор“ не се чувствувал добро утрово, имал блага треска па веднаш му биле направени два теста. Резултатот од брзиот тест бил негативен, но резултатот од вториот тест покажал дека е позитивен на ковид-19.

Валентино Роси е разочаран бидејќи се обидувал доследно да се придржува до протоколите.

Италијанецот веројатно ќе ја пропушти и втората трка во Арагон која е на програмата следниот викенд.