Нема консензус за можноста Собранието да работи целосно или делумно „онлајн“.

Парламентарното мнозинство бара измена на Деловникот за работа на Собранието со кое на пратениците кои се заразени или имаат одлука за изолација и не можат физички да се појават на седниците, да им биде дозволено да гласаат од дома.

За опозицијата, пак, тоа е алиби за покривање на веќе кревкото мнозинство во Собранието и е спротивно на Уставот.