Премиерот Зоран Заев не размислува за план Б доколку не се надминат несогласувањата со Бугарија и поради тоа не се одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Се огласи и бугарскиот претседател Радев, вели луѓето од бугарско-македонската комисија биле професионалци, и дека тие ќе ја барале и бранеле, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес.

На фејсбук се огласи и премиерот Борисов кој Во Брисел учествува на самит на лидерите на земјите членки на унијата. Со канцеларката на Германија, Ангела Меркел ги поддржуваме земјите од Западен Балкан на пат кон Европската Унија. Бугарија ќе продолжи да работи активно во таа насока за време на нашето заедничко претседателство со Република Северна Македонија на Берлинскиот процес.

А во бугарскиот парламент партијата на премиерот Борисов не присуствуваше на денешната расправа за промената на Кирил и Методиј во бугарски просветители, а не отиде ниту еден член на владата. Исто така Повеќето од 50-ината научници кои учествувале во расправа биле против промената на името, па така овој предлог на на десничарската коалиција во бугарската влада, „Обединети патриоти“ нема ниту да помине во собранието.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера предупреди дека едностраниот потез на Софија во однос на просветителите сигурно ќе ја блокира работата на комисијата бидејќи прашањето на Кирил и Методиј е веќе решено.