Гитаристот Иван Петровски е добитник на Златен орикс, наградата за најдобар млад џез уметник која ја доделува Скопскиот џез фестивал.

Петровски е 27-годишен самоук гитарист, кој почнува да свири на 12 години, а потоа дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Досега има снимено шест албуми како гитарист на групите „ДСХ“, „3џект“, „Музаик“ и „Хајрграунд“.