– Збирката поезија „Аптека“ од Ивана Харикли вечерва ќе биде промовирана во МКЦ.
На промотивниот настан, покрај поезија и музика, гостите првпат ќе имаат прилика да бидат дел од #mojmuzej. -Мој музеј е трансмедијална приказна, која почна од потребата за свесно реобмислување и вкоренување на сопствениот глас како жена од Балкан. Со таа цел, пред речиси три години почнав фокусирано да отпакувам интернализирани вредности, инертни состојби и стереотипни наративи, кои ги доживував околу и низ себе, истакна Харикли. Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор, бројот на посетители е намален, а носењето маска е задолжително за време на целиот настан.