Полиција синоќа извршила претрес во домот на 38-годишен кавадарчанец, таму била пронајдена непозната прашкаста материја за која постои сомнеж дека е опојна дрога, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Прашкастата материја е испратена на вештачење. Вештачењето ќе покаже за што точно станува збор, рече Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.