Стотици подржувачи на Тоше од Македонија, Хрватска, Бугарија и Русија и денеска на Гумење во Крушево.
По 13 пати да му одадат почит на ѕвезденото момче на балканската поп икона Проески која на 16 октомври 2007 година трагично загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка.

Со голема почит но и тага традиционално осуммина маратонци и велосипедисти кои поради пандемијата наместо од Градишка годинава трчаа од Табановце беа во новото вечно почивалиште.

Со фановите од Балканот со пријателите и роднините на Проески со крушевчани беше и премиерот Заев.

Новиот објект покрај гробот на Тоше се градеше изминатава година. Со 10 милиони денари пари издвоени од владата. Новото вечно почивалиште со спомен куќата преставуваат целина која му дава посебен белег на големиот верник во бога на големиот хуманист Тоше Проески.

Времето одминува. Но делото на Проески на неговата музика на она што зад себе го остави во текот на својот краток живот вечно ќе живеат и во срцата на своите сограѓани и меѓу неговите балкански поддржувачи.

Денеска тагуваа сите кои беа на Гумење а дождот само ги надополни непресушените солзи за музичката по ѕвезда Тоше Проески.