Бујната манекенка Нејлин Ешли (31) од Мајами го обвини ТикТок дека „ја дискриминирал поради нејзиното тело“ затоа што и ги отстраниле „премногу секси“ снимките.
Нејлин тврди дека платформата е најпозната по снимките на корисници кои танцуваат и изведуваат разни скечови и ги отстраниле снимките, иако истите снимки на други жени се уште се достапни.

„Тажна сум за тоа“,објави русокосата, која ја следат два милиони луѓе на Инстаграм.

Таа додаде дека бришењето на видеото и било особено болно затоа што во последните месеци наоѓала утеха во ТикТок.

“За време на карантинот, се заљубив во ТикТок. Мојот прв контакт со социјалните мрежи беше смешна снимка на Вајн, која денес е затворена. Кога Вајн беше затворен, се префрлив на Инстаграм. ТикТок беше излез за мојата духовитост, сè додека не сфатив дека тие ме дискриминираат поради мојот изглед “, рече таа.
Убедена е дека причина за тоа се нејзините бујни облини и дека алгоритмот ТикТок ја казнува како пример за другите.

“Сите позираат во бикини ова лето. Кога објавувам такво видео, дури и да не се гледа многу деколтето, веднаш ги бришат моите снимки и ги отстрануваат следбениците. Тие тврдат дека ги кршам правилата на заедницата”, се пожали таа.
Таа се пожали и дека покрај мрежата, била дискриминирана и од нејзините следбеници.

„Добивам многу негативни коментари и навреди дека сум пластична што ме повредува, но така е на социјалните мрежи“, рече таа.