Едногодишно девојче вчера ненадејно починало во приватна градинка во Земун, Србија. Просветните инспектори денеска во вонредна инспекција во градинката „Ивин возич“ утврдиле низа неправилности, по што е дадена препорака за нејзино времено затворање.

Иако е законска обврска, во градинката немало запослено медицинска сестра. Било утврдено дека детето било примено без потврда од лекар дека е подготвено за колектив и ја посетувало градинката без здравствен картон. Таа била примена без наполнета една година, иако во тој објект не постои млечна кујна, обврска за чување на деца од таа возраст.

Двете воспитувачки, исто така, немале лиценца за работа.

Како што изјавил гратскиот секретар за образование и детска заштита, Славко Гак, сè уште не е утврдено дали овие пропусти имаат директна врска со несреќниот случај, туку обдукцијата ќе ја покаже точната причина за смртта на девојчето.

Во Србија ова е трет сличен случај во последните четири години. Според досегашните информации, девојчето најверојатно починало во сон.