Жан Клод ван Дам беше еден од најпознатите акциони актери во текот на 90-те години. И покрај тоа што е во шестата деценија од животот, актерот се уште може да се пофали со неверојатната фигура.

Тој има две деца, Бјанка и Кристофер, а ќерката на познатиот актер тргна по стапките на својот славен татко.
Бјанка Бри има 29 години и веќе долго време се занимава со спорт, претежно со фитнес, што може да се забележи по нејзиното тело.

Младата девојка има неколку помали улоги во некој од филмовите на нејзиниот татко, но работела и во продукција.