Томас Милер го отвори резултатот во осмата минута, по што до крајот на првото полувреме Роберт Левандовски стрелаше двапати и зголеми на 3-0.
На стартот на вториот дел Милер со неговиот втор погодок зголеми на 4-0, по што домаќините намалија на 1-4.
Баварците по четири одиграни меча имаат три победи, а Арминија има само еден триумф.