Посебно атрактивна беше парадата и одбраната со глава на нашиот репрезентативец на мечот меѓу Порто и ПИК Сегед
Николче Митревски доби големо признание и европската ракометна федерација, ЕХФ го прогласи за МВП на четвртото коло во Лигата на шампионите.

Речиси и дека немаше дилеми кој ќе го добие признанието, откако нашиот репрезентативец одбрани 15 удари против унгарскиот тим, а посебно атрактивна беше парадата и одбраната со глава во обидот на ракометарите на ПИК Сегед да постигнат гол со цепелин.