СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против Ф.С.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари.

На 15.10.2020 на автобуска постојка на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот на А.Р.(20) од Куманово ѝ го одзел мобилниот телефон. При извршување на делото, тој бил забележан од полициски службеник и веднаш бил лишен од слобода, а телефонот ѝ бил вратен на оштетената.