Околу 10 милиони евра потрошиле граѓаните изминатиот Викенд без ДДВ. За купените домашни производи, и IT опрема од нивните скенирани сметки ќе им бидат вратени над еден и пол милион евра . Зошто ваков резултат?

„Затоа што прво е сиромаштија , луѓето штедат пари дури и да им дадете 18 посто повраток викаат ќе купам тоа што ми треба. Прометот е некаде до 5 пати зголемен, некаде до три пати зголемен, зависи за кои производи се потрошени парите“, посочи Зоран Заев.

Видовме сериозна успешност на проектот Викенд без ДДВ истакна Заев . Граѓаните неволно одговараа на прашањето дали ја искористиле владината мерка . Реагираа дека со ниски плати и пензии можат да си ги дозволат само неопходните услови за живот.
Дали ќе има следен Викенд без ДДВ ќе одлучат граѓаните одговори денеска премиерот .

„И да го повториме следниот викенд за две недели, три, не веруваме дека граѓаните би направиле нешто . 24.59 Ако се подготвени да прават дополнителна семејна потрошувачка од својот буџет тоа ќе го направеа во минатиот викенд“, посочи Зоран Заев.

Парите како што најави премиерот ќе се реалоцираат на други проекти за поддршка на кризата . Инаку викендов што измина пазарувале околу 204 илјади граѓани а рокот за скенирање на фискалните заврши вчера.