Во Бигорскиот манастир се твореше историјата на спасението, а тоа делување е исполнето со благодатта на светиот дух и затоа тоа е запишано и во нашата црковна и во националната историја, истакна во говорот пред присутните Митрополитот скопски и Архиепископ охридски и македонски Г.Г. Стефан.

БИГОРСКИОТ МАНАСТИР Е ПОТВРДА ЗА НАШЕТО ПРАВО ЗА ЦРКОВНА САМОБИТНОСТ ВО ПРАВОСЛАВНИОТ СВЕТ. НО СВЕСНИ СМЕ ДЕКА ВО ПРАВОСЛАВНОТО ЖИВЕЕЊЕ И ТВОРЕЊЕ , НИШТО НЕ ПОЧНУВА И НЕ СЕ ОСТВАРУВА БЕЗ БЛАГОСЛОВОТ И МОЛИТВЕНОТО ЗАСТАПНИШТВО НА МИЛОСТИВИОТ БОГ ЗА НАПРЕДОК, ПОРАЧА Г.Г СТЕФАН.

Бигорскиот манастир е основан и осветен пред еден милениум од првиот охридски архиепископ, Јован Дебранин. Градбите од варовник се ѕидани од наши неимари, копаничарите – Мијаци го разбареле иконостасот, а зографите ги сликале вредните фрески и икони. Генерации монаси, верници и мирјани ја надградувале манастирската обител.

Покровителот на прославата, претседателот Стево Пендаровски рече дека Бигорскиот манастир претставува духовно засолниште од бурите на животот.

ПОНЕКОГАШ ОВОЈ ВИТЕЛ НА КРИЗИ ПРАВИ КАКО СЀ ДА СЕ СЛУЧУВА ОДЕДНАШ, КАКО 1000 ГОДИНИ ДА СЕ ЗБИЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН. И ТОКМУ ВО ВАКВИ МОМЕНТИ НА РАСТЕЧКА НЕДОВЕРБА МЕЃУ ЛУЃЕТО, СТАВ И НЕИЗВЕСНОСТ ОД НЕПОЗНАТОТО, МНОГУ НАШИ СОГРАЃАНИ БАРААТ МИР, УТЕХА И НАДЕЖ, ТОКМУ НА ОВА МЕСТО, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ.

Во текот на илјада години постоење, Бигорски преживеал пожари, прогони и војни, но и ги надживеал, рече Пендаровски.