Еден од омилените пејачи на македонската публика, раперот Раде Врчаковски – Врчак по се изгледа наскоро ќе го видиме повторно на музичката сцена.

Тој вчера преку неговиот профил на „Фејсбук“ објави дека по завршувањето на корона-кризата ќе ја изненади публиката со нешто ново.

Врчак откри дека за новиот материјал соработувал со менаџерот на светски познатиот Бруно Марс.
Инаку Врчак пред да се повлече пред неколку години од музичката сцена, беше еден од најпопуларните и најбарани музичари.