Атрактивната Русинка Ирина Шајк позираше гола за Vogue, додека нејзините интимни делови се покриени со керамички плочки.

Ова несекојдневно фотоснимање е направено во градината на Донатела Версаче во Милано.

„Многу сум среќна што бев во многу посебната Версаче куќа во Милано“, порача манекенката во описот на фотографијата објавена на Instagram.

Во отворено интервју за британскиот Vogue, Шајк откри детали за нејзиниот живот како самохрана мајка, кажувајќи дека се чувствува како да е на „нов терен“ и дека мора да се адаптира на новите животни услови.

Ирина ќе се најде и на насловната страница на чешкото и словачкото издание на Vogue во ноември.