Понекогаш ни треба „само“ ова: удобно, едноставно и ефикасно. Сите три барања што ги наведовме може да се постигнат со помош на овие две парчиња облека.

Тоа е спарување што е клучно за временските услови во кои се наоѓаме во моментов, а исто така е и најлесната комбинација на облека кога нашата креативност не е на завидно ниво.
Обичен фустан, без разлика дали е цветен, со принт или еднобоен и чизми – по можност мартинки, каубојски, плисирани или гумени, се главниот адут на стајлингот во тековната есенска сезона.