Научници од Институтот за технологија Масачусетс развија топлотна маска којашто на 90 степени ги убива патогените од коронавирусот, пренесуваат светските медиуми.

Наместо да филтрира сè што излегува од устата на корисникот, маската ќе го неутрализира вирусот при издишување, бидеќи ќе достигне температура од 90 степени, на којашто Ковид-19 не може да преживее.

Бидејќи температурата е висока, маската ќе го заштити корисникот со синтетичка гума за да не се изгори.

Доколку ги помине тестовите, маската ќе работи на батерија од девет волти и ќе биде со повисока цена од памучните, хируршките или N95 маските.