Бев на Бахами, влегов во казино и се чувствував како маѓепсан, како ништо да не може да тргне на лошо- открива Николас Кејџ.
Актерот Николас Кејџ на својот пријател Мерлин Менсон му дал интервју во кое открива како еднаш среќата го послужила во коцкарница по што веќе никогаш не се пробал во коцкање.

-Последен пат се коцкав пред околу 30 години. Бев на Бахами,влегов во казино и се чувствував како маѓепсан, како ништо да не може да тргне на лошо- открива славниот актер.

Тоа негово чувство брзо потоа се покажало како вистинско, затоа што подигнал стотина пати повеќе од вложеното.

Играв рулет. Влегов со 200 долари и не утнав ниту еден број па дури и госпоѓата која го вртела рулетот рекла: „Ништо послатко од повторување“- рекол Кејџ и додал дека за 20 минити од вложените 200 долари направил 20.000 долари.

Со заработените пари актерот отишол до сиропиталиште на Бахами и по запознавањето со управничката и девата им рекол: „Ова е за вас“.

-И ставив 20 илјади долари во рка, си отидов и никогаш повеќе не се коцкав, затоа што ако продолжев, би ја уништил моќта на тој момент- истакнал Кејџ.