Адел го запрепасти светот со својата трансформација, а сега се врати во јавноста како водителка на култното шоу „Saturday Night Live“, во кое се појави во облека што започна многу дискусии.

Пејачката, чиј вокал и љубовни песни се обожаваат низ целиот свет, веќе три години не настапувала никаде, а сега конечно се појави на американска телевизија.
Адел е во промото видео за епизодата во која домаќинката зборуваше со американски акцент, и уште еднаш луѓето беа воодушевени од нејзината фигура – веќе знаеме дека британската sвезда драстично ослабе.

Сепак, многумина се согласија дека за нејзиниот голем кам-бек, Адел дефинитивно можеше да избере подобра облека. Имено, пејачката се појави во кошула која не е премногу шик – таа е неопределена кафеава нијанса и има „омбре“ ефект што не придонесе за да изгледа подобро.

Исто така, иако плишот е популарен материјал за постудените денови, кошулата направена од него скоро секогаш изгледа премногу ретро, ​​но не на добар начин.

Тоа е парче од брендот „Acne studios“, а цената на кошулата е 453 евра.

За среќа, нејзината шминка изгледаше далеку подобро од облеката, а Адел изгледаше одлично на фотографијата објавена на нејзиниот профил „Saturday Night Live“ каде беше облечена во огромна тексас јакна.