Ѕвездата на акционите филмови, Арнолд Шварценегер, изјавил дека бил подложен на операција на срцето, но се чувствувал „фантастично“.

-Имам нов аортен залисток заедно со мојот нов белодробен залисток од претходната операција. Се чувствувам фантастично и веќе шетам по улиците на Кливленд, објави актерот и поранешен гувернер на Калифорнија на Твитер во петокот.

Шварценегер (73) исто така објави фотографија од болничкиот кревет од клиника во Кливленд и им се заблагодари на вработените во болницата.
Актерот, кој е роден со срцева мана, беше подложен на итна операција на отворено срце во 2018. година кога му беше заменет залистокот.

Шварценегер се прослави во 80-тите години од минатиот век со улогите во акциони филмови како „Терминатор“ и „Конан Варваринот“, но и во комедии.Во 2003 година, тој беше избран за гувернер на Калифорнија. По крајот на мандатот во 2011. година, тој се врати на филмовите, појавувајќи се во „Платеници 2“ и во продолжението на „Терминатор“.

Извор: Екран