Повеќе не важи правилото дека летото е идеално време за коктели. Затоа, при рака оставете го блендерот, мини чадорчињата и цефките во боја и уживајте во есенските коктели кои ќе ве освежат и опуштат на крајот од работниот ден.Есенските пијалаци се шарени и миризливи, па затоа сигурни сме дека ќе ви помогнат да ги загреете зимските студени ноќи.Во продолжение како да приготвите коктел од јаболко и водка.

Состојки: 150ml сок од јаболка, 1 лажичка сок од лимон, 60ml вотка со вкус на карамела, 120ml ликер од ѓумбир

Подготовка: Во шејкер промешајте ги сите течности, а на крај додадете неколку коцки лед. Служете во чаши за мартини, претходно наросени со шеќер. Декорирајте со тенко парче јаболко.