Во текот на оваа година клуч на врата ставија дел од занаетчиските бизниси а според трендот и најавите во наредните два месеци бројката ќе се зголемува велат од занаетчиската комора .Во старата чаршија каде претежно работат занаетчиите само мал дел ги отвораат своите дуќани накратко и по неколку часа ги затвораат и си заминуваат велат дека побарувачката е драстично намалена .

Покрај корона кризата и понатаму актуелен е и проблемот со нелојалната конкуренција. Во Комората е регистриран само еден водоводџија, еден паркетар и двајца молери кои го одржуват цел Охрид што нема никаква логика, вели Богоески.

Од регионалната занаетчиската комора истакнуваат дека занаетчиите што се занимаваат со некои од ретките занаети и претходно биле во криза, а сега со коронавирусот уште повеќе.

Инаку во Охрид има 250 занаетчии, а од година во година опаѓа бројот на ново регистрирани.