Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, рече дека на претседателот на Франција, Емануел Макрон му треба „ментален третман“ поради ставот кон муслиманите во исламот.
Макрон на стартот од овој месец се обврза дека „ќе се бори против исламскиот сепаратизам“, за кои рече дека се заканува да преовлада во некои муслимански заедници во Франција, што го разлути Ердоган.

„Што е проблемот со оваа личност која се вика Макрон, со муслиманите и исламот? Макрон треба да се лекува на ментално ниво“, рече Ердоган.

Тој додаде дека не знае што би кажал друго за шеф на држава кој не разбира слободата на верување и кои на тој начин се однесува кон милиони луѓе во неговата земја, а се припадници на друга вера.