Тренерот на Барселона, Роналд Куман ќе сака што поскоро да го заборави првото „Ел Класико“ во кариерата како тренер.

Куман по трениот натпревар без победа во Ла Лига отворено ги критикуваше судиите и одлуките кои ги носат пред се во ВАР собата.

„Планот беше да го контролираме натпреварот, Ја променивме позицијата на Меси, и мислам дека одигравме добар натпревар. Според мене тоа не беше пенал, се надевам дека еден ден ќе ми објаснат момците од ВАР собата. ВАР постои само против Барселона. Моето прашање е зошто има ВАР само против Барселона?“ – вели Куман.