Борусија Дортмунд го совлада големиот ривал Шалке со 2:0 во дербито на Бундес лигата. „Милионерите“ го скршија отпорот на „Рударите“ во второто полувреме, а кога Аканџи го постигна погодокот за водство натаму се беше полесно за четата на Лусиен Фавре. Шалке има големи проблеми како на финансиски, така и на играчки план па не е на нивото од претходните години. Денеска беше тотално немоќен против соседот, без ниту еден прецизен удар на голот на Бурки.

Во 61 минута Ерлинг Халанд ја затресе мрежата на Ронов за 2:0, а конечните 3:0 ги постави Матс Хумелс. Тоа е четврта победа на Дортмунд во петиот меч во Бундес лигата. Шалке е претпоследен со еден бод и гол разлика 2:18.