Светскиот шампион Луис Хамилтон беше најдобар во денешните квалификации пред трката за Големата награда на Португалија. Валтери Ботас беше одличен, но неговиот тимски колега на крајот го надмудри кога беше најпотребно.

За Хамилтон ова беше 97-та пол-позиција во кариерата. До неа дојде со време 1:16,652, додека Ботас беше втор со стотинка заостанување.

Макс Вестапен ќе стартува како трет, додека Чарлс Леклерк повторно го извлече максимумот од Ферари и стигна до четвртото место. Во Топ 10 се и Серхио Перез, Александар Албон, Карлос Саинц, Ландо Норис и Пјер Гасли.