Вториот човек на Ал Каеда убиен во Авганистан
Авганистанските безбедносни сили го убиле Абу Мухсин ал-Масри, еден од водачите на Ал Каеда, кој се наоѓа на списокот на најбарани терористи на ФБИ.

Како што објави Дирекцијата за национална безбедност на Авганистан, Ал-Масри, кој е втор во рангот на командата на Ал Каеда, е убиен во специјална операција во провинцијата Газни.

Ал-Масри е обвинет во САД за обезбедување материјална поддршка и ресурси за странска терористичка организација и за планирање убиство на американски граѓани.