Персоналот во еден старечки дом во Велика Британија ги замолил пензионерите на плоча да напишат пораки кои би сакале да им ги пренесат на помладите генерации.

Сите одговори завршија на Фејсбук станата на домот и воодушевија многумина.

Маргарет им порача на младите да ги потрошат сите пари и да уживаат додека се млади, како и секогаш да го задржат чистиот образ.

Бет понуди само еден совет, кој на социјалните мрежи стана вирален.

„Држете ги нозете затворени!“, напиша Бет и изнуди насмевка кај сите кој ја виделе пораката.
Том, кој позира со широка насмевка на младите едноставно им посака среќен Божиќ.

Најстарата станарка Розалин има 104 години и исто така учествувала во акцијата.

-Им се восхитувам на младите заради нивната независност. Од ништо не се плашат. Младите се многу помудри од тоа што бевме ние на нивните години, утврди таа.