Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно го критикуваше претседателот на Франција Емануел Макрон заради неговиот однос кој муслиманите велејќи дека се „изгубил“.

Во сабота Ердоган рече дека Макрон има проблем со муслиманите и дека му треба „ментална проверка“, заради што Париз го повлече својот амбасадор од Анкара.

„Првиот човек на Франција е изгубен. Продолжува да зборува цел ден за Ердоган. Вчера во Кајсери реков дека е тој случај и дека навистина мора да биде прегледан“, рекол Ердоган во Малатија, пренесе „Ројтерс“.

Макрон овој месев прогласи војна против „исламскиот сепаратизам“ за кој верува дека е присутен во некои муслимански заедници во Франција.