Летово дознавме дека Бред Пит си фатил многу помлада девојка, моделот Никол Потуралски, која има и сопруг. Сега, пак, првпат откако светот дозна за нивната афера, Никол беше забележана со сопругот.
Откако беа забележани на одмор во Франција, целиот свет дозна за врската на Никол Потуралски и Бред Пит. Покрај огромната возрасна разлика, она што привлече најмногу внимание е фактот дека Никол е во брак.
Сопругот на 27-годишната Никол, Роланд Мери, е постар и од Бред Пит – има 68 години. А, сега изгледа Никол повторна се вратила во неговите прегратки. Таа и Роналд беа забележани во Берлин, како излегуваат од ресторан што го поседува Роналд. Парот бил во друштво на неколку пријатели.
Ова е првпат Никол да биде забележана со сопругот откако се дозна за нејзината врска со 56-годишниот Бред. Наводно, Никол е во отворен брак, а со Роналд има и 7-годишен син.
Според изворите, на Роналд воопшто не му било грижа што сопругата има афера со холивудскиот заводник и не љубоморел.

„Роналд е филозоф. Тој беше во брак неколкупати и има пет деца. Не е заинтересиран за негативност или љубомора“, има изјавено негов близок пријател.
оналд е сопственик на неколку ресторани, а Никол и Бред се запознале во еден од нив. Актерот и Роналд, пак, се познавале со години.
Бидејќи Никол се соочи со многу критики поради аферата со Бред, реши да се огласи на темата:
„Се прашував зошто луѓето оставаат коментари полни со омраза? Зошто? Која ви е целта? Воглавно, сакам да сфатам како размислувате. Бидејќи не ве разбирам. Толку е неучтиво и тажно за оние кои коментираат“.
Бред, од друга страна, нема кажано ништо, но според изворите бил реалистичен за врската со Никол – живеат во различни држави, а тој имал еден куп семејни проблеми за средување, па не очекувал ништо сериозно.