Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Фејсбук ја информираше јавноста дека добил позитивен резултат на ковид-19.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“ напиша министерот.

Денес Спасовски учествуваше во засадувањето 75 млади садници дрвја во околината на Велешкото Езеро – „Младост“, што беше зафатена од пожар пред повеќе од една година заедно со премиерот Зоран Заев, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак, како и со високите претставници на агенциите на ОН во нашата земја.